Press "Enter" to skip to content

Како еден нетворкинг настан, да стане одлична шанса за бизнисот?

Одговорот го има “P2P“ – првата македонска платформа за инвестиции, која на 14 февруари во кафе барот “Деус“ во Битола, ја организираше својата афтерворк журка на која беа поканети личности од различни бизнис сфери и професии кои направија одлична синергија.Во светот, вмрежувањето е позната алатка која ја сакаат менаџерите, сметајќи дека некогаш на такви настани успеваат да допрат до професионалци од други сфери кои можат да бидат инспиративни за некој нивни нов проект или за работата воопшто.  Ако успеете на едно место да соберете добри и квалитетни личности од различна индустрија, тоа е брилијантна шанса во една неформална атмосфера, но со многу можности да го развиете својот бизнис.-Вмрежувањето, за секој бизнис лидер има три значења: оперативно, лично и стратешко, а времето корисно потрошено на таков настан има многу предности. Ние како “P2P“ од самиот наш старт вмрежувањето го имаме ставено високо на листата на активности. И колку да имате релации, во ваква релаксирана атмосфера има шанса да добиете простор за размена на искуствта со многу истомисленици, кои не се во вашата бранша, а се инспиративни, како она што го работите да стане подобро. Драго ми е што ова е трет настан од ваков тип во Битола, а имаме и неколку успешни дружења организирано и низ Македонија, така што станува мала традиција која со радост ја чекаат нашите бизнис партнери и пријатели, зошто не е предност само за нас како домаќини, туку и катализатор за нивниот бизнис со други професионалци од различна фела кои кај нас ги запознале или обновиле релации, истакна Теодор Тодоровски извршен директор на “P2P“ Македонија.Менаџери во комапнии или јавни институции, основачи на компании, банкари, адвокати, доктори, дизајнери, спортисти, па и естрада присутна на овој настан е само пример како миксот во хоризонатала и вертикала на конекции, умешно создава релации во градење на еден бренд создаден за долгорочен успех.Ова е трет настан од ваков тип на “P2P3 во Битола, после афтерворкот посветен на Светскиот ден на вранецот и оној познат “Октоберфест ивент“. 14 февруари како празник, овој пат “Далвина“ која пак е постојан партнер на комапнијата  “P2P“, во чест на Св. Трифун ги промовираше своите вина, “Президент“ од групацијата “Лакталис“ ги донесе на дегустација врвните производи, а во чест на љубовта, секој присутен доби и подарок.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »