За еден спортист да биде во подобра физичка форма и што помалку повреди има повеќе фактори кои влијаат на тоа. Еден од факторите кои се применуваат кај сите спортисти, секако и кај ракометарите е спортската масажа.
Спортската масажа има голема важност во тренажниот процес на еден спортист, но и рекреативец. Со масажата, воедно, има низа на бенефити, како психички, така и физички и физиолошки.
Таа всушност го доведува целокупно телото во подобра состојба, ја подобрува еластичноста на ткивата, го подобрува перформансот и го продолжува траењето на спортската кариера.
Најважната и најсоодветната процедура за оваа масажа е гмечење, со многу силен интензитет. Во голема мера, исто така, се користат вибрациите.
Бидејки оваа масажа се карактеризира со гмечење, нејзината амплитуда е голема и е потребно да се прилагоди на потребите за тренингот, натпреварувањата или подготовката.