Press "Enter" to skip to content

Илиевски по победата над Феникс: се “коцкав“ вчера, денес се надевам дека одморените ќе дадат свежина

Екипата на Пелистер од Битола, се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија, а денес во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Феникс 2010. Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, за отворањето на Купот вели:

-Самото отворање на мечот беше онака како што се договоривме, од некоја седма минута, па натаму, мечот доби свој тек. Еуро Никел потоа почна да игра порелаксирано и знаеше како да решава во завршница на нападите. Ние за десетина минути примивме 28 поени, а кога имате таков пад, нормално е да има нервоза. Но се надевам дека целата таа нервоза ќе замине, а денес ќе изгледаме како што треба, и додава:

-Морам да им честитам на играчите затоа што три дена сме без услови за тренинг, бидејќи такви беа условите, немавме можност да тренираме како што треба, а и секоја година имаме болни играчи кои го дадоа својот максимум. Јас не го искористив целиот ростер, играв со скратена ротација затоа што самата цврстина на мечот не го дозволи тоа. Ја користев тренерската филозофија, се “коцкав“, но се надевам дека на следниот меч тие што не играа многу, ќе ни дадат една свежина.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »