Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите не стигнаа до финале, поразени од Феникс во полуфиналето

Пелистер – Феникс 79:86

Кошаркарите на Пелистер од Битола и оваа сезона останаа без посакувана титула во Купот, која играчите силно ја посакуваа, поразени се од екипата на Феникс со резултат 79:86.

Натпреварот почна во знакот на Феникс кога од 15:16 направи серија и тотален пресврт 23:16, а по првиот квартал имаше и плус девет (26:17). На стартот на вториот период донесоа највисоки +14 на Феникс (31:17), а во последните две минути од вториот квартал преку Хаџифејзовиќ кој имаше симултанка и врза десет поени, дојде на 44:45.

По полувремето се играше доста неизвесно, а во последните десет минути се влезе со 66:63 за Феникс. До првата посериозна предност дојде Феникс кога замина на плус пет 79:74 на четири минути до крајот. Потоа беше и 81:77 на минута и 50 секунди до финишот. Во финишот кога се кршеше резултатот, при 84:69 за Феникс по тројка на Димчевски, имаше и мал вербален конфликт меѓу двата табора, па откако судииите поделија технички грешки, мечот го реши Феникс во своја корист.

Најефикасни кај Пелистер, Хаџифејзовиќ заврши со 25 поени, Карпентер имаше 16 поени, а Котерс реализира 14 поени.