Press "Enter" to skip to content

Оливера Наковска-Бикова спортист на Битола за 2022 година, Еурофарм Пелистер најдобра екипа (мега фотогалерија)

-Признание за животно дело на Битола за спорт за бокс – Христо Димитровски и ракомет – Цане Крстевски, за општествено одговорни кимпании “Плодност“, “Цермат“, “Интерворкс“ и “СН Осигурителен брокер“.

-Доделени посебни признанија за спортски јубилеи, поединци, компани за општествена одговорност, планинари, баскеташи, “Трчај Бе“ – Битола…

-Доделени младински награди, награди од училишниот спорт и за победниците на ноќната трка во Битола.Вечерва во салата на Народниот театар од Битола се одржа 57. по ред манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2022 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Во име на организатор на изборот, Сојузот на спортови се обрати претседателот Сашко Павловски, кој присутните ги поздрави им ги честита наградите на доботниците и се заблагодари на Општина Битола, градоначникот и претседателката на Советот за поддршката која ми ја даваат на Сојузот на спортови и на спортот во Битола.Почесниот престедател Димче Миновски во кратки црти се осврна на историјата на Сојузот на спортови и битолскиот спорт, односно најзначајните фази во трансформацијата на спортските клубови, посебно на жените добитнички на признанието спортист на Битола, а беше прикажан и краток документарен филм за сите добитници на ова признание.Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски ги поздрави ги поздрави присутните, кои ги запозна со вложувањата во спортот кој ги прави во професионаните клубови, училишниот и универзиттетскиот спорт, реконструкцијата и изградбата на спортските терени. Коњановски ги најави летните актвивнсоти во областа на спортот кои општината планира да ги организира.Коњановски им ги додели наградите на најдобрите спортисти на Битола за 2021 година, на најдобриот спортист Оливера Наковска – Бикова – светски првак во стрелаштво со воздушен пиштол, која по доделувањето на статиетката за најдобар спортист рече дека е посебно благодарна на Битола, на Сојузот, а ги наброја и резултатите кои ги постигна во годината која измина. Оливера им порача на сите доботници да не се откажуваат и да бидат упорни бидејќи спортот тоа и го бара. Второто место му припадна на Ненад Костевски – ракометар на Еурофарм Пелистер, 3. место на Димитар Караџовски – кошаркар на Пелистер, а на 4. место е уште еден ракометар, Петар Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2. Петтото место е за Христијан Илиевски -мото клуб Пелистер, шестопласирана е Леа Бошевска – кик бокс клуб Самурај, а на седмо место е Божидар Пецаковски  – билдер од “Паљо“.Осмото место го делат Моника Босилковска – ракометарка и Јана Стефановска – атлетичарка. Следуваа на деветтото место Илија Ристевски – кик бокс и Јовче Даскаловски – велосипедист, а  десетто пласирани се Оран Јашаровски – бокс и Никола Наумовски – фудбал.Претседателката на Советот на Општина Битола – Габриела Илиевски го додели наградите за нјјдобра сениорска екипа на Битола за 2022 година. Прва е екипата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, следуваа кошаркарите на Пелистер, кугларите на Пелистер и бијард играчите на Лонгони го делат третото место во екипна конкуренција. За најдобра младинска екипа Атлетико, второ место за ОК Пелистер Волеј, а трето пласирана екипа на пинпонгарите на Пелагонија.Посебни признанија за ветерани на спортот – за живоно дело добија Христо Димитровски – бокс и Цане Крстевски – ракомет.За посебен придонес во развојот и афирмацијата на спортот во Битола добија Архан Арслановски, Стефанија Алексовска, Цане Поповски, Цане Колев, ПСК “Ѓорѓи Наумов“, Горам Дамевски, Илче Божиновски, Ристо Димитровски – Чурино, Ана Котевска, Михаела Цветановска, Трчај Бе, Пелистерски Ултра Маратон, Ангела Јанкуловска, Емилијана Ризовска, СВР Битола, Христо Бојаџиев, Божидар Танчевски, Јован Кузмановски, Виктор Литовски, Виктор Димовски, Христаки Спасев, Драган Ристевски, Лилјана Спировска, Зоран Лазаревски, Марјан Танушевски.За општествено одговорни компании кои го помагаат спортот во Битола плакети добија “Плодност“, “Интерворкс“, “Цермат“ и “СН осигурителен брокер“. За млади надежи добија МАРИЈА ДИМОВСКА, БОБАН ГАРАБИЊЕВИЌ, ДРАГАНА ЦВЕТАНОВСКА, БОЈАН ЈОВЧЕВСКИ, НАДЕ СМИЛЕВСКА, ХРИСТИЈАН СТОЈКОВСКИ, НАТАЛИЈА ЧОНА, АЛЕН РУСТЕМОВСКИ, ЕВГЕНИЈА МИТРЕВСКА, АНГЕЛА ФИЛИП, ИВОНА КЕЧЕВСКА, МИХАИЛ БОГДАНОВСКИ, МАРТИНА СИЛЈАНОВСКА, ИВО КОЧОВСКИ, АНАСТАСИЈА РИСТЕВСКА, ДЕЈАНА ТРАЈКОВСКА, СРНА ЛОШКОВСКА, АЛЕКСЕЈ СТОЈКОВСКИ, ЈОВАНА СТОЈКОВСКА, ВАЊА АРСИЌ, ИВАНА БОГОЕВСКА, АНГЕЛА ТРАЈЧЕВСКА, АНА КИРЕ КОТЕВСКА, АНА КОСТОЈЧИНОВСКА, ЗОРИЦА СИМЈАНОВСКИ, БЛАГОЈЧЕ ДИМИТРОВСКИ, ДАРИЈА СТОЈЧЕВСКА, ЕЛЕНА КОСТОВСКА, ЈУЛИАН ТРИФУНОВСКИ.Награди од училишниот спорт добија Зоран Петковски и Ивана Здравковска, а за победници во ноќната трка ОУ “Тодор Ангелевски“ и Гимназија “Ј.Б. Тито“.Фото: Д.Ристевска и С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »