На 17.02.2023 во 22.10 часот на ул. “Караорман“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 38 годишник од Битола. Тој бил баран по централна и меѓународна потерница за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола и против 39 годишно лице од Битола, в.д. директор на претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, казниво по член 244 од Кривичниот законик. Второпријавениот, во текот на април и мај 2022, без да изготви соодветна документација и проект и без одобрение за градба, дозволил изградба на подземна инсталација на место каде претходно не постоела.