Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 го победи Бутел на гостувањето во Скопје

Бутел – Еурофарм Пелистер 2 23:24 (13:9)

Еурофарм Пелистер 2 од Битол ја забележа првата победа во плеј-офот, откако славеше на гостувањето кај Бутел Скопје со 23:24, со голот на Христијан Митревски на неколку секунди до крајот на средбата. “Двојката“, претходно, во првиот дел имаа негатива од -6, но во последните минути гостите успеја да израмнат, па после и првпат да поведат. 

Со оваа победа екипата на Еурофарм Пелистер 2 направи чекор напред во битката за европкуповите преку плеј-офот во Супер лигата.

Натпреварот започна со резултатска предност на Бутел, а “пелистерци“ имаа негатива од шест гола (10:4) и со големи проблеми во првото полувреме, за крај со резултат 13:9.

Тимот на Александар Јовиќ се врати во натпреварот. Бутел не успеа да најде одговор за разиграните Павле Петровиќ и Никола Стоилевски. Во финишот беше 22:23, Еурофарм Пелистер имаше напад за плус два но шутот на Петровиќ заврши крај дирекот. Домаќините брзо возвратија за 23:23. Еурофарм Пелистер 2 до победа дојде со гол во последните секунди, преку брз центар и влез на Христијан Митревски.

Кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасни Петровиќ и Стоилевски со по 6 гола и Ивановски со 3 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »