Куманово – Пелистер Волеј 0:3
(5:25; 14:25; 12:25)
Екипата на Пелистер Волеј од Битола, очекувано ја совлада последно пласираната екипа на Куманово со максимален резултат од 3:0 и трите бодови патуваат за Битола.
Во натпреварот најголемиот товар го понесоа 6 кадетки и 4 младинки, а екипата на младите битолчански со секое коло е поблиску до својата првична цел враќање во најквалитетното одбојкарско друштво.
Поените денес ги освоија: Стефани Најдановска 16, Анастасија Ристевска 13, Меланија Каралиоска 10, Емилија Бицевска 5, Лиле Лозановска 3, Билјана Јаковлевска 3, Марија Ристеска 2.