Попладне од 16:15 часот е затворен излезот од Битола, на магистралниот пат што води кон Прилеп, поради сообраќајна незгода во која загинаа две лица. Во сообраќајна несреќа учествувале две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици. Сообраќајот на патниот правец Битола – Прилеп во непосредна близина на бензинската станица “Пелагонија Петрол“ е во прекин се додека не заврши истрагата за причините за тешката сообраќајна несреќа и возилата се пренасочуваат на околните патишта.
На 20.02.2023 во 15.20 часот на ул. „Тошо Даскало“ во Битола товарно возило „цитроен џампер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (20) од с. Оптичари, битолско, удрило во пешакот Б.С.(75) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 20.02.2023 на ул.„Широк сокак“, во близина на Градскиот часовник во Битола, 28 лице од Скопје го наруши јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Тој е лишен од слобода и ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2023 во СВР Битола, Ж.С. (33) од Велес пријави дека како учесник на спортски натпревар во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, за време и по завршувањето на натпреварот, бил физички нападнат од страна на лице кој играл за другата екипа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 20.02.2023 во СВР Битола М.Х. (51) од Битола пријави дека на ул. „11 Октомври“ во Битола била физички нападната од Н.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.02.2023 во СВР Битола И.Б. (52) од с.Оптичари, битолско, пријави дека на
ул. „Воден“ во Битола бил каснат од куче скитник.