Press "Enter" to skip to content

Oдржана eдукативна работилница “Опасности кои демнат на социјалните мрежи“ (фотогалерија)

Околу 50 ученици учествуваа на едукативната работилница “Опасности кои демнат на социјалните мрежи и дезинформациите кои се шират. Колку ги препознаваме?“ во НУУБ „Св. Климент Охридски“  во Битола. Тие дискутираа околу прашањата: Книга во рака или да читаме од телефон? Сајбер насилство – јавна соба, опасни игри, позитивни страни од користење социјални мрежи наспроти негативни страни од користење на социјалните мрежи? Влијанието на јутуберите, тиктокери, гејмери и колку ги идеализираме и сакаме да сме како нив и зошто? Замена на реалниот социјален свет со виртуелниот свет – само изолација и самоуништување, колку сме зависни од компјутерските игри?На овие прашања и се друго поврзано со опасностите кои демнат на социјалните мрежи дискутираа ученици од 7, 8 и 9 одделение од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“од Битола.Едукативната работилница  ја реализираа и водеа психологот Жанета Ристевска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“-Битола и библиотекарки м-р Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска- Неделковски.На активностите на работилница во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола,  присуствуваа  и директорките на двете основни училишта Жанета Тошеска и Наташа Ставревска со членови на стручна служба  Елена Милошевска и Елизабета Шалевска од ООУ„Гоце Делчев“ – Битола.За поводот да се реализира оваа едукативна работилница библиотекарките м-р Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски изјавија:-Во нашата библиотека често организираме различни активности насочени кон поттикнување навики за читање преку работилници од различен тип. Низ разговори со учениците добиваме и одговори на многу прашања. Што правиш во слободно време ?„Ќе гледам ТВ, ќе играм на компјутер игри, ќе видам што има на ТИК ТОК“… тоа вообичаено се одговори на деца од различна возраст, ако ги запрашаме што прават откако ќе ги завршат училишните обврски. Од друга страна за жал се почесто гледаме на ТВ или читаме за сајбер булинг-злоупотреба и уцена на малолетнички со непристојни фотографии, обиди и самоубиства, несреќи додека се фотографирале или снимале видеа на Тик Ток… Децата и тинејџерите голем дел од слободното време поминуваат со модерна технологија, заборавајќи на дружење и го заменуваат реалниот свет со виртуелниот. Тоа е реалност.-Релативно мал е бројот на деца кои во слободно време читаат интересна книга како што велиме за „своја душа“, а при тоа можно е од своето друштво да бидат окарактеризирирани како „бубалици“ или со некој сличен „бисер“ се разбира во негативен контекст.“ Затоа инициравме соработка со психологот Жанета Ристевска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола да организираме работилници со ученици за проблемите со кои се соочивме низ нашата работа.Жанета Ристевска психолог кажа:-Темата „Злоупотреба на Интернет и социјални мрежи“ ја истражувам подолг период. Затоа целта на работилницата беше да ја подигнеме свеста кај младите за опасности кои демнат на социјалните мрежи и дезинформациите кои се шират. Да бидат претпазливи и да не станат жртви на новата технолгија, а таа да биде орудие во нивните раце за позитивни цели. Учесниците на работилницата ги оставивме да откриваат, зборуваат, дискутираат, за своите искуства на користењето на Интернет и социјални мрежи. Сакавме на еден поинаков начин да допреме до нив. При тоа, да не им „делиме совети“ туку самите да дојдат до закључоци за негативните страни на Интернетот, создавањето зависност, пропуштање на квалитетно време поминато со семејството, пријателите, учење, хоби, спорт и читање книги. Целта ја постигнавме и добивме позитивен фидбек со тоа што тие покажаа интерес и за други едукативни работилници од ваков вид на други теми. Се надевам дека соработката со библиотеката ќе ја продолжиме во оваа насока.

More from ВестиMore posts in Вести »