Press "Enter" to skip to content

Клиника “Жан Митрев“-дневна доза здравје: Што е Калциум Скор?

Сигурно сте слушнале веќе за оваа дијагностичка метода. Но, сепак за да биде појасно, еве подетално објаснување. Калциум скор е многу важен тест кој се користи за проценка на ризикот за развој на коронарна артериска болест. Во суштина станува збор за вид испитување при што се мери количината на атеросклеротскиот плак односно наталожените наслаги во коронарните артерии.

Атеросклеротските плаки (наслаги) кои се испитуваат се: калциум, масти, холестерол и изумрен клеточен материјал кој се напластува на ѕидовите од крвните садови, како резултат на што се случува стеснување и/или комплетна опструкција (стеноза) на одреден крвен сад или садови.

Како се изведува Калциум скоринг тестот?

Калциум скор се спроведува со помош на КТ (компјутерска томографија) или МСКТ скенер. На вака добиените снимки плаките и количината на калциум добро се детектираат. Всушност количината на калциум ќе биде мерката за плаката во коронарните артерии. Калциумот на МСКТ скенерот се појавува во вид на светлосни точки кои е можно да се избројат.Кои се предности на овој тест?

Безболен, неинвазивен, брз и прецизни дијагностички резултати

Зошто да се направи Калциум скор?

Калциум скор е потребно да се направи за да се утврди прецизно дали пациентот има коронарна артериска болест или дали можеби има предиспозиција за развој на коронарна артериска болест (срцев удар).

Кога да се направи Калциум Скор?

Оваа дијагностичка метода се користи во случај кога кај пациентот постојат: висок холестерол во крвта, дијабетес мелитус (шеќерна болест), висок крвен притисок, слаба физичка активност, пушење, наследни фактори.

Резултатите од тестот се добиваат веднаш.

Навремената дијагностика спасува животи.

Повеќе информации на 047 266 631/633 или 070 408 075

Д-р Ана Вељановска

Специјалист интернист, супспецијалист кардиолог