Бандажирањето во спортот, при што најчесто се мисли на бандажирање на скочен зглоб со цел превенција од настанување дисторзија односно извртување на скочниот зглоб, е многу важно.
Ваквото бандажирање, како вид на превенција од повреда, во поедини професионални спортови (кошарка, ракомет, одбојка) е задолжително, каде играчот мора да има бандажиран скочен зглоб за секој тренинг.
Траката се поставува на исклучиво чиста кожа и кожа без видливи отворени рани. Сунгер (спужва) е неизоставен дел од бандажирањето исто како траката. За подобра апликација на сунгерот и траката, се препорачува користење на “Pre Tape“ спреј, во почетокот на постапката.
Најчесто се бандажираат зглобови, и тоа: скочен зглоб, колено, зглоб на шака, рамо, палец и прсти.