Press "Enter" to skip to content

Дарко Стевановиќ новото засилување на Еурофарм Пелистер: убаво гостопримство во Битола, сакам да дојдеме до шампионска титула

Денес во клубските простории на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и официјално беше претставено новото засилување Дарко Стевановиќ, кој доаѓа од Србија:

Репрезентативниот дек Дарко Стевановиќ за впечатоците од првите денови во Битола и клубот на денешната средба со новинарите рече:

-Сакам да се заблагодарам на убавото гостопримство. Мило ми е што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по изработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба, да се претставам пред домашната публика. Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да му помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула. Еурофарм Пелистер е квалитетна екипа и уште во летото кога играв тука како противник испратив пофални зборови за екипата, тренерот и секако за навивачите.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »