На 23.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, лишиле од слобода три лица на возраст од 40, 34 и 37 години, сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во куќа на ул. “Страшо Пинџур“ во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.02.2023 во СВР Битола, во присуство на родители и претставници од Центарот за социјални работи Битола, бил извршен службен разговор со двајца 15-годишници од Битола. Тие, на 22.03.2023 во двор на средно училиште во Битола го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а настанот бил сниман и споделен на социјалните мрежи. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.