Press "Enter" to skip to content

Пелистер со втора победа по ред во пролетниот дел, со три бода се враќа во Битола

Беса – Пелистер 1:2 (1:1)

Фудбалерите на Пелистер во Битола се враќаат со победа и три нови бода од гостувањето во Џепчиште во рамките на 17. коло од Втората фудбалска лига на Македонија.

Головите за Пелистер ги постигнаа Томе Китановски во 15. минута од натпреварот и зимското засилување Бојан Спиркоски во 47. минута, кои ја донесоа победата над Беса, откако домаќинот во 8. минута поведе со 1:0.

По 17. одиграни кола екипата на Пелистер останува на 4. место на табелата со 36 бодови, откако конкурентите за највисок пласман исто така забележаа победи. Првопласиран е Гостивар со 43, Вардар со 40, Воска Спорт исто така со 40.