Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Пелистер во градското дерби, последна проверка пред Мотор

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 16:26 (6:17)

Во градското братско ракометно дерби во Битола екипата на поискусните, Еурофарм Пелистер забележа уште една рутинска победа во плеј-офот од Суперлигата Еурофарм Пелистер 2 со резултат 16:29.Ако во првата средба во Битола беше нерешено, овој пат ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија таков луксуз против “помладиот брат“, иако на стартот екипата на Александар Јовиќ, тргнаа доста мотивирано и со три врзани гола, Но по тајм-аутот за Валтер се беше поинаки, Еурофарм Пелистер направи серија од 10:0, за резултат 3:10, а по 14 минути без гол беше 4:10. На пауза се замина со убедливи 6:17.Како и се очекуваше по резултатот во првото полуврееме играта во второто полувреме беше со бројни измени и со чување на силите на “пелистрерци“ за натпреварот во вторник, со конечен резултат 16:26.Лесјак, Ојлески и Велковски се одмораа за во вторник, а не дебитираше ни новото засилувањето Дарко Стевановиќ.Во Еурофарм Пелистер најефикасен беше Костески со 4 гола, а по три имаа Кузманоски, Хосни, Петар Атанасијевиќ и Васиљев.Кај “двојката“ наефикасни Буторац и  Ристевски по 4 и Митревски со 3.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »