Денес, недела, 26 февруар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 20 степени.
Утре, понеделник, 27 февруар, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 14 степени.