-На почетокот на март во 2013 година, дербито во Битола, под Тумбекафе, поради безбедносни причини, по барање на Министерството за внатрешни работи на Македонија, кое беше доставено до натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија, беше одложено вечното дерби на македонскиот фудбал помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој додава дека причина била безбедносната состојба:
-Со цел да не се создадат услови за предизвикување насилство и недостојно однесување на натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар и насилството да се прелее низ градот Битола, Министерството за внатрешни работи се обрати до ФФМ со барање натпреварот помеѓу наведените фудбалски клубови, кој требаше да се одигра на 03.03.2013 година, да се одложи, стоеше во барањето на МВР.
Поради одлагањето се огласи и Фудбалската федерација на Македонија со жалење што натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, што требаше да се одигра во неделата во Битола, на барање на Министерството за внатрешни работи, по одлука на Комисијата за натпреварување на ФФМ, се одложува за среда и дека ги почитува одлуките, препораките и барањата на МВР од причина што тие се единствено надлежни за вршење проценка на безбедноста.
Засилено полициско обезбедување било потребно поради тоа што во Битола биле најавени околу 500 навивачи на Вардар, а поради нередите во Скопје специјалните сили се ангажирани таму, а натпреварот е прогласен за натпревар со висок ризик.
Дербито се одигра во среда на 6 март, заврши без голови 0:0, а за Пелистер пред 5.ооо публика настапија: Коруновски, Китановски, Лазаревски, Лескароски, Драгарски, С. Магловски (од 64. мин. Т. Велјановски), Елмазовски, Мегленски, Христов (од 78. мин. Кекец), Ристевски (од 90. мин. А. Велјановски), Марковски.

Деновиве пред 10 години: поради безбедносни причини одложено за три дена дербито Пелистер-Вардар (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)
- По 62. пат по ред коледарски оган во “Ушици“ во Битола традиција ја негуваат пет генерации (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: со Даниел Камјаковски и Наум Петревски битолчани “влегоа“ во 2016 година (фотогалерија)
- Неделен ден исполнет со многу настани и голема посетеност на 9. ден на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
- Димитар, Бојан и Викторија за забава во сабота вечер на 8. вечер на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Советот на Општина Битола во 2026 година ќе работи по нов деловодник
- Стевче Алушевски е враќа во Еурофарм Пелистер, ќе биде нов тренер
- Во Битола облачно и студено со сончеви периоди, температурата до -3 степени
- Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)









