Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: засилени контроли, санкционирани 19 возачи под алкохол, 98 за брзо возење

Во текот на изминатата вечер  (25/26.02.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата  санкционирани се 19 возачи.Од нив 14 на територија на  Битола, 4 во Прилеп и 1 Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 26 други видови прекршоци.

Денеска (26.02.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 98 возачи. Од нив, 60возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »