Утре екипата на Еурофарм Пелистер во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ го игра натпреварот во кој ракометатите сами одлучуваат дали ќе го продолжат натпреварувањето во Европската лига. Противник на “пелистерци“ ќе им биде екипата на Мотор, која ја победија во првиот натпревар кој се одигра во Германија, во Дизелдорф.
На натпреварот во саботата кога се ограше градското дерби во тимот на Еурофарм го немаше голманот Урбан Лесјак, кој доби ден за одмор пред утрешниот натпревар, кој за тоа како го гледа натреварот во кој сами одлучуваат ни рече.
-Многу е важно што сами одлучуваме за нашата судбина. В раце имаме можност да стигнеме и до трето место во групата, што сега е наша цел. Екипата на Мотор е искусна, добар микс на зрели и млади ракометари. На гостувањето кај нив одигравме еден од подобрите натпревари и сакаме тоа да го повториме пред нашата публика. Мотор е во форма, направи чекор напред и можеше тоа да се забележи и со победата над Бидасоа. Нам ни преостанува добро да се подготвиме, да го прегледаме видео материјалот, да направиме тактичка припрема и да играме на победа. Од денес до следната сабота играме четири натпревари и многу е важно да имаме голем ростер и играчите кои почнуваат од клупа, да внесат свежина. Тоа за секоја екипа е многу важно.