Press "Enter" to skip to content

Валтер тажен сум и разочаран, Пешевски повикува да се разбудат побрзо

По вчерашниот пораз во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ги заврши европските настани за оваа сезона, и во “Д“ групата завршија на 5. место, кое не носи пласман во елиминациониот дел од Евро лигата. По завршувањето на натпреварот на официјалната прес-конференција зборуваа тренерот Ларс Валтер и ракометарот Жарко Пешевски.

По лошиот натпревар во Битола, тренерот на пелистерци Ларс Валтер не го криеше незадоволството од големиот неуспех и рече:-Сакам да му честитам на противникот за извојуваната победа и пласманот понатаму. Исто така сакам да и се заблагодарам на публиката за одличната атмосфера. Тажен и разочаран сум од конечниот резултат. Промашивме многу шанси во клучните моменти, додека тие беа смирени и прецизни во тој сегмент. Ова беша таков тип на натпревар и мислам дека тоа пресуди на крајот.

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски по поразот и елиминацијата во Европската лига истакна дека тимот мора да остане заедно, и рече:-Прво сакам да им честитам на ракометарите на Мотор. Ние не ја искористивме шансата пред домашната публика и направивме многу технички грешки. На вакви клучни натпревари не треба да ни се случува тоа. Бевме мотовирани, но прокоцкавме многу шанси. Едноставно мора да се разбудиме што побрзо. Треба да се освестиме и во следните предизвици да влеземе со мирни глави. Апелирам да останеме сите заедно, ќе ни треба голема поддршка за да ги оствариме целите.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »