Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер запиша прво СЕХА-славје, Кисум со 9 гола лидер на тимот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер  – Војводина 30:25 (14:12)

Денес во Битола во рамките на 3. коло од СЕХА лигата ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа првата победа во новата сезона, во салата “Боро Чурлевски“ ја совладаа Војводина со 30:25, полувреме 14:12, по двата порази во оваа сезона. Екипата на Еурофарм Пелистер одлично го отворија натпреварот и со трите гола на Кисум, два на Радовиќ и еден на Танкоски направи предност од 6:1. “Пелистерци“ држеа резултатска контрола и позитива од три-четири гола, а до одморот Војводина успеа во два наврати беше и на -1 гол, меѓутоа на паузата битолчани имаа +2, 14:12. Второто полувреме започна изедначено младата екипа на Војводина не дозволуваше домаќинот да направи поголема разлика. Војводима дојде повторно до -1 (20:19), но  битолските ракометари дојдоа до три гола водство. Кисум зголеми на 26:22, а по одрбана на Кизиќ беше максимални +5 за Еурофарм Пелистер, за мирен крај на натпреварот. Војводина се обиде да се врати резултатски, меѓутоа немаше време ниту сили. Најефикасен кај Еурофарм Пелистер Каспер Кисум со 9 гола, и Вилсон Дејвис со 7 погодоци. Марко Кизиќ собра 12 интервенции.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »