Press "Enter" to skip to content

Валтер и Кисум на прес-конференција на СЕХА: важна победа два дена по европската катастрофа

По завршувањето на СЕХА натпреварот во Битола, Еурофарм Пелистер – Војводона на официјалната прес-конференција зборуваа тренерот на битолчани Ларс Валтер и Каспер Кисум.

По првата запишана меѓународна победа оваа сезона во Битола, откако го совлада комбинираниот состав на Војводина со резултат 30:25, тренерот на “пелистерци“, Ларс Валтер, рече:-Да одиграш четири натпревари во осум дена не е лесно. Сепак, покажавме добар перформанс и многу важна победа, два дена по нашата европска катастрофа. Креиравме нов тим среде сезона, бевме надвор од ритам и мораме пак да го пронајдеме патот кон победите.

На прес-конференцијата по натпреварот изјава даде и данскиот ракометар, Каспер Кисум, кој ги сподели неговите впечатоци:-Бевме навистина уморни, игравме уште еден исцрпувачки меч пред само 48 часа. Честитки за Војводина, тие одиграа навистина квалитетен натпревар, дури и со овој значително подмладен тим. Ние за два дена играме повторно и мораме да се концетрираме на следниот предизвик, нема многу време за одмор.

Еурофарм Пелистер во следното коло од СЕХА-лигата ќе се соочи со Нексе, а мечот ќе се одигра на 14 март во Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »