Истегнувањето претставува еден вид физичка активност при којашто одреден мускул или тетива (или мускулна група) се истегнува со цел да се подобри еластичноста на мускулот и да се постигне удобен мускулен тонус.
Резултатот од тоа е чувство на зголемена контрола врз мускулите, флексибилност и опсег на движење.
Истегнувањето исто така се применува при терапевтски третмани за ублажување на грчевите.
Зголемувањето на флексибилноста по пат на истегнување е една од основните начела на физичката кондиција.
За спортистите вообичаено е да се истегнат пред и после тренингот со цел да се намали ризикот од повреди и да се подобри перформансот.