Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, сабота, 4 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 8 степени.

Утре, недела, 5 март, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 10 степени.