Еурофарм Пелистер – Пролет 32:26 (19:14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола одиграа онолку кулку требаше, забележаа победа и освоија нови бодови во плеј-офот, против Пролет победувајќи го 32:26, полувреме 19:14.Еурофарм Пелистер на клупата го немаше Ларс Валтер, а тимот го водеше Божидар Мојсов, а за прв пат за “пелистерци“ заигра и најновото засилување, Дарко Стевановиќ.
Екипата на Еурофарм Пелистер го оправда епитетот фаворит во овој натпревар и уште на почетокот на натпреварот поведоа со 3:0. Пролет не се предаваше, но квалитетот и искуството беше на страна на домаќинот, кој првото полувреме го заврши со 19:14.
На стартот на второто полувреме Пролет се обиде да ја намали разликата, но не успеја, па така, Еурофарм Пелистер до победата дојде рутински.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Костески со седум гола, а Велковски постигна шест гола.
По ова коло следува репрезентативната пауза, а потоа дерби натпреварот Еурофарм Пелистер со Вардар, на крајот на месецот, кога е првата битка за титулата.