Press "Enter" to skip to content

Пелистер надигра и со “стотка“ го победи Куманово (фото)

Пелистер – Куманово 104:70

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола, во 16. коло, ја продолжија серијата победи во домашното првенство, а овојпат ја победија екипата на Куманово со резултат 104:70, во натпревар во кој беа убедливо подобри. Со овој триумф битолчани го презедоа првото место од МЗТ Скопје кој го очекува натпреварот против екипата на  Струмица.По израмнетиот прв период, во кој двете екипи поделија по 24 поени, “пелистерци“ притиснаа многу повеќе во вториот. Гостите од Куманово одржуваа егал, но не за долго. Веќе во 15 минута, “зелено-белите“ се одлепија на 35:29,  две минути подоцна, имаа и повисоки 41:33. Првата двоцифрена разлика ја донесе, со тројка, Караџовски за 50:38. На одмор се отиде со 52:38.Во продолжението екипата на Пелистер со одлична игра стигна многу брзо стигна до предност која беше многу тешка за стигнување од “кумановци“. Во 28. минута веќе беше плус 30 за Пелистер (80:50), и повеќе од доволно да се запише нов триумф со кој се држи оној минус од една победа во однос на лидерот МЗТ Скопје.Кај екипата на Пелистер најефикасен беше Карпентер со 19 поени, Хаџифејзовиќ со 17 поени, а Котерс заврши со 14, пред Маслинко со 12 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »