Во младинска категорија, до 14 години победник е Лаура Ангеловска од екипата на Пелистер Пин од Битола.
Денес во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер од Битола се одигра 8-мартовскиот кугларски клуб на кој учествуваа 16 кугларки. Турнирот беше во организација на женскиот кугларски клуб Пелистер Пин од Битола, кој се покажа како одличен домаќин.
Победник на годинашниот турнир Данче Наумовска од кугларскиот клуб ГТЦ од Скопје со 542 соборени дрвца. Второто место и припадна на Андреа Вељановска од Пелистер Пин од Битола со 528 соборени дрвца, а на трето место се пласира Стефанија Алексовска со соборени 518 дрвца, исто така од Пелистер Пин.
За прв пат се одигра и младински турнир за девојки до 14 години на кој победничка беше Лаура Ангелевска од Битола. Ева Димитровска беше второпласирана, а на трето место е Лана Апостоловска, и двете од Пелистер Пин.
Во име на организаторот се обрати Игор Михајловски, тренер на Пелистер Пин, кој рече дека се радува што во Битола се одржа женски турнир во куглање, а посебно му е мило што имавме и натпревар во младинска категорија до 14 години.
Наградите на најдобрите им ги додели претставникот на Општина Битола – Г0рдана Цветсковск-Бошевска, а на сите учеснички со цвеќе им го честита Денот на жената, селекторот на женската репрезентација на Македонија – Перо Гиевски.

Данче Наумовска од ГТЦ победник на 8-мартовскиот турнир во куглање за жени во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчанец со “киа“ возел со 1,92 промили алкохол во крвта, веднаш бил приведен
- Бабарите во некрстените денови во Битола ги бркаат ѓаолите, вештерките и караконџолите (фото)
- Велчо Петровски – Папал: по 50 години заедно “вртење“ на парето, Василица без мазник е само датум, Василица без друштво е пораз
- Изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ ќе биде поставена до крајот на јаниари во Завод и музеј Битола
- Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола ќе судат дерби на Европкското во Данска
More from СпортMore posts in Спорт »
- Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола ќе судат дерби на Европкското во Данска
- Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките, борба за пласман во плеј-офот
- Стевче Алушевски е враќа во Еурофарм Пелистер, ќе биде нов тренер
- Шест ракометари на Еурофарм Пелистер од Битола ќе ги бранат боите на Македонија на Европското во Данска
- Роберт Митковски тренер на Пелистер Волеј: најдоброто од Пелистер допрва доаѓа









