Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: вчера попладне на 71 возач им е изречена казна за брзо возење

На територијата на СВР Битола, вчера, во периодот од 12:00 до 18:00 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 71 возач.

Од нив, како што информираат од МВР, 33 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

More from ВестиMore posts in Вести »