Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Јени Маале од Битола на гостување во Белград, Србија (фотогалерија)

Церовац – Јени Маале 2:0

Екипата на ФК Јени Маале. од населбата која го носи истото име во Битола, пролетниот подготвителен период го започна со патување во Белград и одигра меѓународен натпревар со екипата на ФК Церовац, кој иако го загубија со 2:0 сепак од Србија се враќаат со силни впечатоци.За тоа како го оценуваат гостувањето во Србија, капитенот  Никола Пискачев вели:-Како маалски градски клуб секоја година се качуваме едно ниво погоре, многу екипи низ Македонија ни даваат поддршка за ова што го правиме и секој ден добиваме понуди за пријателски натпревари. Со секој одигран натпревар ги освојуваме симпатиите и многу млади момчиња ни се придружуваат и сакат да бидат дел од ова наше скромно семејство, па така беше и овојпат. Иако загубивме на терен, ние добивме нови пријатели, а тоа пријателств0 ќе се надоградува.-Натпреварот заврши 2:0 за домаќините во една фер и коректна игра иако да споменеме ние имавме четири 100% шанси кои не ги реализиравме и за сметка на тоа бевме казнети, додаде Петар Ристевски.

-Воспоставивме контакт со нашите пријатели во Република Србија и го одигравме натпреварот на стадионот “Непокорена Младост“ во Смедеревска Паланка пред полна трибина. Домаќините заедно со управата на ФК Церовац по натпреварот организираа забава која ќе се памети уште многу години. На таа забава “Којотите“ го добија третото полувреме со 0:5. Ова ќе остане едно одлично другарство кое ќе трае, во иднина на лето ја чекаме екипата на ФК Церовац, ние како домаќини, изјави фудбалерот на Јени Маале, Михајло Вангелов. -Интересот за овој натпревар беше многу голем, а тоа го потврдува фактот дека статија за натпреварот имаше и во спортскиот весник “Журнал“ каде што за нас се пишуваа многу пофални зборови. Потоа јас и неколку играчи дадовме интервјуа на светски познатиот спортски медиум “Арена 2“. Ги освоивме симпатиите на новинарката како екипа и таа беше во неверување за тоа како еден клуб од општинска лига во Македонија може да организира ваков натпревар, вели Андреј Лозановски.Капитенот Никола Пискачев за тоа како и на кои принципи финкционира клубот, со посебен осврт на другарството во Јени Маале, за крај рече:-Ние како ФК Јени Маале со гордост ја претставуваме нашата Битола низ Македонија, и надвор од нејзините граници. Иако некои не гледаат како “мали“ ние сме клуб со големи амбиции. Страста и љубовта за фудбалот на овие момци е феномен. Сите заедно го живееме фудбалскиот сон кој започна во маалските улички, почна со скинати патики и стара топка. За сега сите да имаме дресови, копачки, тренерки, фудбалска опрема од соништата, иако сме маалски клуб наликуваме на светски клуб. Другарството, кое е главен симбол на ФК Јени Маале расте и од ден на ден се развива и сето тоа се претвора во успех кој е негуван, поддржуван и најважно од се, секој играч во овој клуб верува во него. Ние сите сме биле мали деца со големи соништа. Вистинска магија е кога детскиот сон ќе стане реалност. А Којотите?! Тие најдобро го знаат тоа! Нашиот клуб е место каде што се остваруваат фудбалските соништа.Во последните години ги освојуваме симпатиите на многу млади деца низ градот, со нови вложувања, опрема, спонзори, што резултира со регрутација на голем број на играчи кои со огромна страст и желба со гордост сакаат да го носат дресот на ФК Јени Маале. Нашиот клуб е синоним за искрена и чиста љубов кон фудбалот, другарство без граници, тим за кој сите дишеме како еден, заедно плачеме на поразите и заедно им се радуваме на победите и сите заедно веруваме во спортскиот ферплеј, а заедништвото е тоа што не прави поразлични од другите клубови.Клубот секоја години расти и ја крева летвичката за организација. Следната 2024 ќе биде јубилејна, Јени Мале слави 15 години од постоењето и подготвуваат, како велат, нешто подобро, големо изненадување.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »