Пелистер – Крка 88:102
Екипата на Пелистер од Битола е поразена од Крка на “балонот“ во Широки Брег, ао ја пропушти првата шанса да се најде во најдобрите осум екипи од регионалното натпреварување.
Од самиот старт на натпреварот битолчани никако не успеваа да ја наместат одбраната, а кошаркарите на Крка постигнаа 36 поени во првата четвртина, а Пелистер имаше 26. Во втората четвртина Крка поведе со 29:46, а потоа “пелистерци“ намалија на -10, (41:51). Полувремето да заврши со 47:60.
По три одиграни четвртини, Словенците имаа водството 67:84, а конечниот резултат беше 88:102.
Наификасен кај Пелистер беше Хаџифејзовиќ постигна 23, Маслинко 21, а Карпентер и Карутерс по 13 поени.
Пелистер за пласман во првата “осумка“ и учество на финалниот турнир во Домжале, ќе игра на 9. март, од 12. часот, против Слога од Краљево.