На 07.03.2023 во 01.30 часот во ученички дом во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две тинејџерки на возраст од 18 години од Кавадарци и од Неготино, двете со живеалиште во с. Корешница, демиркаписко, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
При преземање службени задачи, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Демир Хисар на место викано „Железнец“, атар на с.Сопотница, демирхисарско, затекнале товарно возило „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од 27 годишник од с.Обедник, демирхисарско, кое било натоварено со околу 19 метри просторно огревно дрво без соодветна документација. Дрвата и возилото се одземени и предадени на Шумска полиција – Демир Хисар. Притоа, било утврдено дека дрвата ги превезува од склад на шумско претпријатие во с.Сопотница до склад на приватна фирма во истото село. Полициски службеници извршиле контрола и во складот на фирмата, при што пронашле уште 20 метри просторно огревно дрво кои, исто така, биле предадени на Шумска полиција – Демир Хисар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола при СВР Битола, денеска (07.03.) во средното училиште “Таки Даскалот“ во Битола реализираа едукативно-превентивна работилница од областа на сообраќајот. Притоа, на работилницата полициските службеници ги запознаа учениците од трета и четврта година од ова средно училиште околу сообраќајните правила и прописи, особено важни од аспект на возачи почетници. Исто така, посебно внимание се посвети и околу правилата и прописите при користење на моторцикли, електрични тротинети, велосипеди, што младите најчесто ги користат во сообраќајот.