“Спорт Талент“ од Битола денес го официјализира партнерството со “Sisu Sports Management Ltd“, а договорот за соработка го потпишаа Зоран Велјановски и Линди Нгвења, кои при потпишувањето рекоа дека ова е само старт, а партнерството ќе се развива.
Ова партнерството ќе им овозможи на двете компании да го прошират својот пристап на пазарот, а за спорт талент тоа ќе значи и пристап со сродни компании во Велика Британија, Данска кои се занимаат со женскиот фудбал.
Двете компаниите ќе соработуваат со нивните целни групи на играчи да бидат подготвени за настапи во клубови, а ќе нудат можности за развој на играчи во партнерските академии во Италија, Германија и Шпанија, како и ќе соработуваат на проекти за “потрага“ по таленти.