Ова е проект кој ќе го реализираме во периодот што доаѓа, а денешниот датум, заради симболиката на празникот значи негов официјален старт, изјави Миме Акимовски, сопственичка на водечкиот центар за убавина БОДИ М во регионот.-“Жените што поддржуваат други жени се поуспешни“ е насловот на проектот. Традиционално нè учеа да бидеме натпреварувачки настроени една кон друга бидејќи на врвот недостигаат работни места. А повеќе од јасно е дека оваа стратегија не функционира. Вистината е дека со меѓусебно помагање ќе се издигнеме и ќе направиме промена, а и одлично ќе се забавуваме, додава таа.
Време е да се стави крај на стереотипите дека жените не се поддржуваат меѓусебе. Првата приказна од оваа акција е следна: Наместо прослави на празникот на вообичаен начин дел од тимот на БОДИ М отиде во посета на Марија Јошевска, која ги поместува границите за изработка на свеќи. Нејзините еко-свеќи пружат интересна игра на светлина и сенки, служат и како парче декор додека не се користат.И токму на таа граница на скулптура и функција се наоѓа свеќата со потписот на брендот “MM creations.“ Марија е вљубеник во природата, па оттука таа е и нејзина вечна инспирација. Нејзините модели на свеќи и садови манифестираат органски, но и геометриско апстрактни форми во кои набљудувачот си наоѓа лична интерпретација. Низ симболиката на формите, кои таа ги иновира преку изработка на модели направени на 3Д пречатач што дава ушите еден иновативен миг на нејзиниот бизнис, создавањето на материјалите, начинот на изработка се во духот на одржливоста, екологијата и свесноста. БОДИ М тимот научи и факти кои се многу значајни.
Дали знаете колку се штетни парафинските миризливи свеќи кои најчесто кај нас се користат? Евтин парафин, вештачки мириси и бои … при согорување, научниците тврдат дека испуштаат четири штетни соединенија кои лошо влијаат на човековото здравје. Дали нивината достапност по рафтовите на супер маркетите, дали нивната амбалажа или наметливите реклами се причина која ги тера луѓето да ги купуваат…..а и веројатно заради тоа што производителите не се обврзани да го покажуваат 90% од нивниот состав, па така не постои контрола на квалитет и тие се сеприсутни. Но, времето на еко-бизниси на наша радост полека, но сигурно се буди, изјави Марија од MM creations.
За крај БОДИ М со лична порака до оваа млада жена:-Драга Марија, Ти благодариме на одвоеното време и на љубовта која ја даваш на својот мал, но многу значаен бизнис. Ти честитаме на иновативноста и на сите идеи кои ги правиш реалност во светот на еко-свеќите. Од денес твоите свеќи ќе ги користиме во нашиот БОДИ М за третманите на масажа, за амбиент во вечерните часови во делот за релаксација на нашите клиенти. А исто така стануваме и твое место за продажба на истите.