Press "Enter" to skip to content

Пелистер се враќа во Битола со бод од гостувањето кај Гостивар

Гостивар – Пелистер 1:1 

Екипата на Пелистер и по четири кола останува непоразена во пролетниот дел од Втората фудбалска лига, откако одигра нерешено 1:1, полувреме 1:1 против екипата на Гостивар, на гостувањето кај еден од конкурентите за пласман во Првата лига. 

Домашниот тим дојде до предност уште во 7. минута кога Христов пред на голот на Пелистер голот ја стресе мрежата, откако одрбрани г0лманот на “пелистерци“.

Пелистер возврати во 29. минута со ефектен гол на Љамчевски од слободен удар од десната страна. 

На табелата лидери се Вардар и Воска Спорт, кои имаат по 46 бода, пред Гостивар со 44 бода, па следи тимот на Пелистер со 40 бода.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »