Press "Enter" to skip to content

Честитка од градоначалникот Коњановски по повод 8. Март

Почитувани сограѓанки, познанички, соработнички

Со најубави желби за понатамошен напредок во сите сфери во кои делувате, Ви го честитам Меѓународниот ден на жената и Ви посакувам добро здравје и многу успех во приватниот и професионалниот живот.

Женската борба во минатото за постигнување на основните права воопшто не била лесна, но затоа денес можеме со гордост да кажеме дека современата жена е рамноправен учесник во општеството, во креирањето на политиките и донесувањето важни одлуки во економскиот, културниот, образовниот, спортскиот живот…

Заедно продолжуваме да ги надминуваме предизвиците, да ги зачувуваме семејните вредности и поединечно и институционално да работиме на зајакнување на социјалната и економската еднаквост, преку соработка и заедништво кон подобра иднина за сите нас.

ЧЕСТИТ 8 МАРТ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА! ,

стои во честитката на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по повод Меѓународниот ден на жената.