Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер обезбедија плеј-оф, ја победија Слога во АБА2 лигата

Слога – Пелистер 93:96

Ако тимот на Пелистер од Битола не го обезбеди плеј-офот во првиот натпревар во петтиот балон во АБА2 лигата, тоа го направија во денешниот втор натпревар победувајќи ја Слога од со 93:96, а на радост на љубителите на кошарката во Битола.

“Пелистерци“ славеа тешка, но повеќе од заслужена победа, во натпревар во кој беа подобри од Слога во повеќе од три четвртини.  Пелистер првото полувреме го одигра максимално ефикасно и по 20 минути, на полувремето заминаа со плус од 16 поени, (56:40).

Во последната четвртина влегоа со уште поголема предност од онаа на полувремето (78:61) и помислија дека се веќе во плеј-офот. Потоа следуваше опуштање  и му дозволија на тимот од Краљево, во средината на четвртата четвртина, да намали на само два поени  (83:85). Кени Карпенер беше човекот кој ја прекина серијата на противникот, погоди за три поени (по седми пат на мечот) за 83:88. Во наредните два напади, Карутерс „врза“ уште четири поени, за уште поприфатливи (83:92) на три и пол минути, а потоа и 90:95. Противникот погоди за “тројка“ и неизвесност. Стајиќ  погоди само едно слободно фрлање за 93:96. 

Наефикасен Карпентер со вкупно 26. поени, седум скока и пет асистенции, Карутерс имаше 23, Маслинко 19 поени. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »