Press "Enter" to skip to content

РЕК “Битола“: Блок 3 попладево ќе биде плански исклучен од мрежа до недела

Блок 3 на РЕК “Битола“ попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката.

Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозвулаат тоа.

Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК “Битола“ ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет.