Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: при претрес пронајдена марихуана, куршуми и други предмети, 13 лица од 38 до 83 години фатени како играат комар во центарот на градот

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 40 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, рамка за пиштол со осум куршуми непознат калибар, дробилка и други предмети со остатоци од остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пред напуштен објект ул. „“Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола затекнале 13 лица на возразт од 38 до 83 години како играат комар на јавно место. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.