Press "Enter" to skip to content

Уште едно признание за Фатма Аземовска, нејзиниот лик на изложбата “Иднина е женски род“

Дека изреката дека бадијала е работата и дека работата никој не ја цени, се покажа дека не е така, а овој пат тоа го демантира Фатма Аземовска, граѓански активист од Битола, која се бори за правата не само на Ромското население, туку и на други социјални групи.  Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир,  првата дама Елизабета Ѓоргиевска и в.д. Директорката на UN_MK Моника Сандри вчера официјално ја отворија изложбата “Иднина е женски род“.

Во друштво на 12 жени, протагонистки, извонредни дами од различни сфери на животот, се најде и Фатма Аземовска,  докторанд, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста и претседател на „Сумнал“ – здружението за развој на ромската заедница.Инаку, Аземовска е добитник на многу награди, една од позначајните е Првата 2021 ЕУ награда за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција. 

More from ВестиMore posts in Вести »