Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски по пласманот во завршницата: некои мислеа дека АБА-2 ни е екскурзија, но се гледаме во Словенија!

Кошаркарите на Пелистер од Битола веќе можат да се пофалат дека го имаат најдобриот пласман, а тоа место меѓу осумте најдобри екипи во АБА-2 лигата и ќе се борат за место во елитата, после победата над Слога која им обезбеди место во четвртфиналето. 

По натпреварот, на офоцијалното обраќање тренерот на “пелистерци“ Марјан Илиевски беше задоволен од прикажаното.

-Честитки за моите играчи. Овие момци го заслужија овој успех, иако на почетокот на сезоната со сите промени во клубот, управата размислуваше дека ова е голем залак за нас. Го преполовивме буџетот и прашање беше како ќе издржиме во македонското првенство, а АБА-2 ќе ни биде само екскурзија. Благодарност до момците кои јас лично ги селектирав, покажаа дека имаат квалитет. Среќни сме што ќе го играме завршниот „балон“ и што ќе го презентираме клубот, градот и македонската кошарка. Да се радуваме на ова што се случи и се гледаме во Словенија, изјави Илиевски по победата. 

Пелистерци ја исполнија примарната цел оваа сезона, дојдоа чекор подалеку од минатата и ќе настапат во доигрувањето на АБА-2 лигата. Иако конкуренцијата е силна, нема сомнеж дека момците на Илиевски ќе дадат максимум на „фајнал-еjт“ турнирот во Домжале, Словенија.

More from ВестиMore posts in Вести »