Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата “Битолските Евреи – борци против фашизмот за слобода…“ (фотогалерија)

Попладнево во Битола, во фоајето на Центарот за култура – Битола отворена беше изложбата “Битолските Евреи – борци против фашизмот за слобода од НОАВМ 1941-1945“ по  повод 80 години од депортацијата на нашите сограѓани, а присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Од изложбата беше испратена порака да се потсетиме и да не ги заборавиме битолските евреи, учесници во НОАВМ 1941-1945, а дале од нив го дадоа и животот.На отворањето на изложбата зборуваше професорот Александар Стерјовски, жив сведок на депортацијата на битолските Евреи во 1943 година. Стерјовски се осврна на тоа како се однесувале бугарските фашисти во месеците пред депортацијата и во какви услови живееле Евреите во тој период, а изнесе и документ за прв во јавност за тоа што се им било забранети и каде не смееле да се движат, се до тоа кобно утро за нив.-Идејата за моето обраќање ми даде една наша сограѓанка која ме праша зошто толку го мразевте Евреите. А за ме праша за тоа ја слушна мојата сторија за мојот соученик Моше, кога реков дека одевме по нив и ги бркавме по завршувањето на часовите во “Кирил и Методиј“. Цело време бевме труени од тој антисемитизам. Од 1942 година ги префрлија Евреите во едно гето, а во 1941 година во еден дуќан покрај реката Драгор, имаше напис со текст, за кучиња и Евреи влез затворен. А во 1943 е готово, за она што ќе се случи со нив, а еден месец е објавен текст со сите забрани на Евреите, односно на лица со Еврејска ѕвезда, за нивните забрани за движење, односно со заповед со која им се забранува движење по главната улица и другите централни улици, како и влегување во кафеани и ресторани, како и пазарување во одреден термин. Според овие забрани може да претпоставиме како се чувствувале тие лица, а и останатите. Затоа некои Евреи барале излез, односно излегне во Партизани. Стерјовски додаде и за денот, 11 март, кога Евреите биле носени до железничката станица, по две улици, а претходно биле блокирани сите улици.Претседателот на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков се осврна на тоа кој се биле борци од Еврејско потекло, кој прз загинал, според автентични кажувања на живи луѓе, во издание кое е печатено во 1958 година од страна на оваа организација, најповеќе од Арон Ароести, како негови соборци. Во 1941 година месната организација на КПЈ имала околу 20 членови – евреи и голем број на членови на СКОЈ. Во почетокот на 1943 имало 8 скоевски групи со околу 70 членови, а се цени дека наклонети кон ова движење биле околу 500 лица.Реонскиот комитет на КП во февруари 1942, упати проглас до евреите – „Новите освојувачи ве лишија од сите права повеќе одошто македонскиот народ… ве сметаат за луѓе од понизок ранг… откако ве ограбија и уништија, ве депортираат до сигурна смрт, Сите вие – Турци, слободољубиви Албанци, Власи и Евреи – здружете се со македонскиот народ за да ја урнеме фашистичката тиранија и да ја ослободиме Македонија – земјата што сите ја делиме“.Одговарајќи на овај повик во јули 1942 овие евреи се приклучиле кон ПО „Дамјан Груев“: Виктор Мешуљам – Бустрико и Пепо Песо- Цане, во септември 1942 кон ПО „Јане Сандански“: Бено Русо-Коки, Нахмијас Мордо-Лазо, Нисим Алба-Мики, Мордо Тодолано-Спиро, Арон Ароести, а во април / мај 1943 кон ПО „Гоце Делчев“ и ПО „Дамјан Груе⓬: Соломон Садикарио- Мо, Самуел Садикарио-Симо, Алберт Касорла-Берто, Алберт Русо-Коте, Ментеш Ишах-Киро, Жамила Колономос-Цвета, Естреја Овадија-Мара, Адела Фараџи- Ката, Естела Леви-Лена и Роза Камхи. Кон НОАВМ се приклучиле и Исак Сарафати, Исак Фараџи и Марсел Демајо потоа и Давид Калдерон-Димче, Луна Ишах, Пинхас Ишах и Пепо Хасон, кои претходно биле во грчките партизански одреди.Во Егејска Македонија борци против фашизмот биле: Алберт Леви, Жак Калдерон, Ментеш Хасон, Симо Калдерон. Во Србија во борбата против фашизмот учествувале: Рафаел Батино и Хаим Садикарио, а во Словенија: Јозеф Овадија и Лазар Ишах. Учесници во НОАВМ биле и Аврам Анаф-Бато, Давид Романо, Виктор Пардо, Ели Фараџи, Моис Шами, Мориц Романо и др.Во ослободителната антифашистичка борба својот живот го положиле: Естреја Овадија- Мара, Нахмијас Мордо-Лазо, Арон Ароести, Пепо Песо-Цане, браќата Самуел и Соломон Садикарио, Исак Сарафати, Рафаел Батино, Марсел Демајо, Аврам Анаф, Исак Фараџи и др. Во НОАВМ учествувале 37 лица, од кои 13 загинале.

More from ВестиMore posts in Вести »