Шефот на мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, денес ја посети општина Битола, каде имаше работна средба со градоначалникот Тони Коњановски, а потоа и со претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска. Градоначалникот Коњановски, нагласи дека локалната самоуправа е посебно посветена кон подобрување на патната инфраструктура и на тој начин создавање подобри услови за граѓаните, но и привлекување на нови инвеститори за економско јакнење на Битола. Меѓу приоритети, Коњановски посебно ги истакна и заложбите на општината за поддршка на културата и спортот, како еден од начините за активно вклучување на младите во процесите кои се однесуваат на создавање услови за подобра иднина за нив.
По средбата со Шефот на мисијата на ОБСЕ, Илиевска рече дека се разговорало за тековната работа, состојбата во Битола и идеи за идна соработка со шефот на Шефот на мисијата на ОБСЕ. амбасадорот Килијан Вал.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Општина Битола, средби со Коњановски и Илиевска
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кошаркарите по поразот од Чаир продолжија со победите
- Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата до 19 степени
- Еурофарм Пелистер без мака на Куп завршницата, “двојката“ не успеа
- 15 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола