Пелистер Волеј – Те Волеј 3:0
(25:13; 25:14; 25:13)
Во рамките на 15. коло од Втората одбојкарска лига, екипата на Пелистер Волеј од Битола забележа нова максимална победа и освоија три нови бода остануваат дома.Ова беше тринаесетта победа на “пелистерки“ во оваа сезона од петнаесет првенствени кола, за која тренерот на Пелистер, Роберт Митковски, по завршувањето рече:
-Натпревар во кој немаше многу убавина и наликуваше на полесен тренинг против младата и неискусна екипа на Те Волеј, сепак одигран за душа и за нов клубски рекорд за нашите првотимки. Шанса добија буквално сите играчи, а мислите веќе ни се насочени кон наредното 16 коло од преостанатите три, за кои додава:
-Атмосферата во тимот е одлична, знаеме како треба да се одработи во периодот што следи и ништо нема да не исфрли од зацртаниот колосек до финалната пресметка. Самодовербата ја јакниме од ден на ден со секоја нова победа и секако дека ова е нов историски момент за нас, но и покрај тоа баражот го очекуваме со огромна зрелост и трпение.
Поени за Пелистер денес освојуваа речиси сите, а дури четири одбојкарки беа двоцифрени: Стефани Најдановска 14, Софија Проковиќ 13, Ивана Белокозовска 12, Анастасија Ристевска 11, Меланија Каралиоска 4, Христина Трајчевска 3, Михаела Цветановска 3, Лиле Лозановска 2, Ирина Трајковска 1 и Билјана Јаковлевска 1.