Press "Enter" to skip to content

Пелистер со нова во Битола, убедливо против Охрид (фотогалерија)

Пелистер – Охрид 3:0 (1:0)

Екипата на Пелистер од Битола денес со победата над Охрид под Тумбекафе, се најави како сериозен кандидат за пласман во Првата фудбалска лига на Македонија. “Пелистерци“ убедливо ја победија екипата на Охрид со 3:0 и освоија бодиви со кои сега се доближаа кон првите клуба на табелата. Головите за Пелистер ги постигна Томе Китановски  со глава во 29. минута по корнерот на Благој Љамчевски,  а другите два гола паднаа во вториот дел.Првиот гол за 2:0 беше автогол на Кадриоски по центаршут на Фазлиу, а потоа Бојан Спирковски ги постави конечните 3:0 во 53. минута.И по неречениот резултат на Воска и Гостивар лидер останува Воска Спорт, а Пелистер е на 4. место на табелата со 40 бода.