Press "Enter" to skip to content

“Храбри наместо совршени“ – настан на Ротари Клубот Битола Широк Сокак (фотогалерија)

Ротари клубот Битола Широк Сокак во соработка со IW Connect, го  одбележаа Меѓународниот ден на жената со креативен настан насловен како: „Храбри наместо совршени“. На оваа иницијатива се приклучија Сајтиро, Нетцетера, Сумнал и ФИКТ, да го одбележат денот, кој ги означува културните, политичките и социо- економските достигнувања на жените во различни области. Ова беше значаен повод за сите кои се вклучени во борбата за родова еднаквост.Овогодинешното мото на Меѓународниот ден на жената е дигитализацијата: иновациите и технологијата  за родова еднаквост. Мотото ја истакнува улогата на иновативните технологии за промоција на родовата еднаквост, како и потребите на жените и девојките за здравје и личен развој. Целта на  настанот беше да им се оддаде признание и да се почитува придонесот што жените и девојките го даваат во технологијата.На настанот присутните ги поздрави претседателката на Ротари Клубот Битола Широк Сокак Билјана Врцал Ванчевска. Мери Мрмачовска од “Green Garden Centar & Rasadnik“ на присутните им подари ружи, разубавувајќи го настанот.Својот кариерен успех со присутните го споделија Магдалена Љамчевска, Ана Мицковска, Рената Гошевска, Наташа Миленковска Талевска, Маја Поповска од “IW Connect“. Наиле Емини од ИТ компанијата “Cythero“, Марина од “Netcetera“ и Весела Митковска од ФИКТ дискутираа за улогата на жените и девојките, како и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат во работата и студирањето.Говорниците во вториот дел на настанот ја имаа улогата на живи библиотеки, оставајќи можност на присутните да поставуваат прашања и да разговараат.Ротари Клубот Битола Широк Сокак преку организација на настани останува доследен на основното мото на Ротаријанците „Служба над сопствените интереси“.Ова мото најдобро ја објаснува филозофијата на несебичното волонтерски служење што претставува чекор кон меѓународната добра волја, свесноста за постоењето на одреден вид на морал и духовни стандарди кои обезбедуваат побогат и поисполнет живот.