Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведен крадец – украл пари и документи, санкционирани 21 пијани возачи

На 11.03.2023 полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 35 годишно лице од Битола, постапувајќи по претходна пријава на Д.А. од Битола дека од нејзиното паркирано возило „голф“ во Битола и бил украден паричник со пари и документи.
 По целосно документирање на случајот, против Н.П. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела „кражба“,по член 235 ст. 1, како и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, по член 251 ст.1 од КЗ, затоа што Н.П. ја употребил украдената банкарска картичка која била во паричникот. 

Во текот на изминатата вечер (11/12.03.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 21 возачи.Од нив 9 на територија на Битола, 6 во Прилеп, 3 во Демир Хисар и по еден во Ресен, Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.