Што е катаракта?
Катарактата или перде е најчестата појава во офталмологијата. Станува збор за заматување на природната леќа на окото, која мора да биде отстранета за да не доведе до можно губење на видот.
Зошто се појавува катарактата?
Како што знаеме катарактата најчесто се создава во подоцнежните години. Како што старее телото, така старее и окото и се создава еден протеински слој на леќата, кој го заматува видот. Катарактата може да се појави и поради одредени болести кои се појавуваат во текот на животот, како што се дијабетес, хипертензија, пушење цигари, претходна операција на око, хормонска терапија и висока миопија (кратковидост). Поради тоа се препорачува да се прават очни прегледи на годишно ниво, особено доколку ги имате овие болести или сте во подоцнежни години.
Кои се симптомите на катарактата?
Симптоми на катаракта се: заматување на видот, губење на контраст, заблескување при јако светло, двојна слика, проблеми при читање, гледање ТВ и возење. Дали може да се спречи појавата на катаракта?
Многу често прашање е дали може да се спречи катарактата пред да се појави. Сеуште нема научни докази дека катарактата може да биде спречена пред да се појави или развие. Според неколку истражувања внес на витамин Е и Ц, може да влијае позитивно врз очите, без разлика дали ќе помогне во појавата на катарката, но сеуште не е научно докажано. Добар извор на витамин Е е спанаќот, бадем и семки од сончоглед, исто така добар витамин за телото е витамин Ц.
Дали може да се излечи катарактата по природен пат?
Катарактата е заматување на природната леќа и може да се отстрани само со оперативен зафат. Истражувањата и доказите покажуваат дека катарактата не може да се излечи по природен пат и сите лекови што ги пишува по магазини, весници со рецепти за лекување на катарактата по природен пат може само да наштетат по видот, бидејќи ќе се остави долг период на развиена катарката и постоперативниот опоравок ќе биде малку потежок, отколку остранување на штотуку развиена катаракта. Во тек се истражувања кои индицираат дека можеби во иднина ќе може катарактата да се излечи по пат на капки. Kaпките би биле замена за операција, но сепак ќе мора да се внимава на други очни состојби и колку е развиена самата катаракта. И покрај се ќе биде задолжителен преглед на офталмолог.
Како се одвива подготовката и операцијата на катаракта прочитајте тука https://sistinaoftalmologija.mk/katarakta-sto-e-i-kako-se-tretira/