Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: човековото однесување се темели врз психолошки принципи кои влијаат и го одредуваат

Луѓето имаат тенденција да ја вратат услугата или да направат нешто добро за некој кој направил нешто за нив. Најчесто е така, но има случаеви и кога не е. Тоа е можеби кога услугата не ја гледаат дека е добронамерна, или сметаат дека зарди така и тееба да е.

Реципроцитет.

Луѓето многу повеќе ги следат насоките  или препораките од некој кој го гледаат како авторитативна фигура.     

Авторитет

Луѓето имаат тенденција да посакуваат нешта многу повеќе кои им недостигаат или се ограничени.

Недостаток

Ако луѓето еднаш се посветат, тие многу повеќе ќе се однесуваат на начин кон  тие обврски и конзистенстност.

Посветеност и конзистетност

Социјално одобрување: Луѓето сакаат да бидат одобрени и многу повеќе прават нешто ако видат дека другите луѓе тоа го прават. Тоа е т.н конформистичко однесување.

Кога велиме „Каде сите Турци таму и Асан“ алудираме на прифаќање на социјални норми, а тие се имплицитни или експлицитни правила на групата за прифатливи однесувања, вредности и верувања. Ако се земе во предвид темелната човекова потреба за друштво со други луѓе, не е изненадувачки да често го менуваме своето однесување како другите би не прифатиле. Ова се типични примери на конформистичко однeсување кај луѓето. Понекогаш конформирањето е наједноставен избор бидејќи троши најмалку наши ресурси.

Што е конформизам?

Конформизмот значи промена на однесување заради реално или замислено влијание на другите луѓе. Понекогаш “групата“ кон која сакаме да припаѓаме има  одредени очекувања за тоа како членовите би требало да се однесуваат.

“Добри членовите“ се конформираат со тие правила. Членовите кои не се конформираат се проценуваат или перцепираат како различни, проблематични и дури „ненормални“. Останатите членови на групата можат проблематичните членови да ги исмаваат, казнуваат или дури отфрлат. Од друга страна, групата често може да не доведе во многу незгодна ситуација со своите правила и норми, особено доколку идеите кои се шират се опасни за друштвото. Овој феномен може да биде многу погубен. Тоа покажуваат и случаеви низ историјата.