Со освојување на 1 место на битолчанката Јана Стефановска на трката на 5 км на Кавадаречкиот полумаратон, Атлетскиот клуб Олимп викендов започна во походот по одлични резултати.
Ова е само вовед во новата сезона за која членовите на овој клуб интензивно се подготвуваат по водство на тренерите Демир Даутовски и Вера Велјановска.На овој настан во Кавадарци учествуваа неколку членови на клубот, еве ја листата на учесници и резултати:
-Јана Стефановска 23:08, прво место – 5 км
-Бојан Ѓеровски 23:33, седмо место – 5 км
-Антониа Крстевска 25:43, петто место – 5км
И најмалите членови Искра Адамовиќ и Николај Жежовски кои се натпреваруваа на трката ид 500 м и покажаа одлични резултати.